Жељко Јоксимовиќ одржа два концерти за паметење во Загреб

Уште еднаш докажа дека со право го носи епитетот еден од најдобрите и најпопуларни музичари во регионот – Жељко Јоксимовиќ во Арена во Загреб одржа два концерти едно по друго за кои уште долго ќе се зборува.

Повеќе од 20 000 луѓе во текот на една вечер ги пееја во глас со Јоксимовиќ најголемите хитови како што се „Милиметар“, „Тело вретено“, „Дрска жено плава“…

Величествена бина од 250 квадратни метри со писта долга 20 метри доминираше во арената. Најсовремените визуелно-сценски ефекти, лед екран составен од 600 панели MrLed 3, 9P панели, како и 130 светлосни тела DTS, SGM и Coemar го надополнија впечатокот. Комплетната арена беше озвучена со Meyer Milo систем, а музичарите за мониторинг го користеа познатиот SHURE PSM1000. Техничката продукција беше на Скајмјузик.