Завршен ЕГЗИТ: Соборен рекордот од 200.000 посетители

Деветнаесеттото по ред, и според мислењето на публиката и бројни изведувачи, досега најдобро издание на Егзит фестивалот, утринава е завршено.

Рекордот на посетеност беше соборен уште првата ноќ кога низ капијата на Петроварадинската тврдина поминаа 56 000 луѓе од вкупно 200 000 посетители за време на четирите фестивалски дена, на 40 бини и зони. Програмата на главната бина ја одбележа историскиот концерт на еден од најголемите светски бендови The Cure, а на Main Stage настапија и многу од најпопуларните изведувачи на денешницата: Greta Van Fleet, The Chainsmokers, Lost Frequencies, а последниот фестивалски ден грајм иконата Skepta, диџеј дуото Dimitri Vegas & Like Mike и многу други.

Dance Arena-та го доживеа своето најспектакуларно издание досега, а нејзината колосална продукција содржеше и старо винчанско писмо. На сцената во текот на четирите фестивалски вечери се менуваа најголемите светски диџеј ѕвезди од Carl Cox, Maceо Plex, преку Solomun и Tale of Us, до најбараната техно икона на денешницата, Amelie Lens, која во последното утро на Егзит со својот сет ја затвори Dance Arenа-та.