Во Арена три спектакли за само седум дена

Концертите на Горан Бреговиќ, Ацо Пејовиќ и Huawei Black&White забавата во Штарк Арена за само една недела – на таков предизвик успешно може да одговори само Скајмјузик.

Техничката продукција на сите три големи и потполно различни настани во најголемата концертна сала на Балканот беше во склад со продукциските стандарди, благодарение на вештините на креативните тимови на Скајмјузик.

Несекојдневниот и мошне комплексен 360° проект на концертот на Горан Бреговиќ овозможи многу поблизок однос со изведувачот во однос на класичната поставка, а дополнителен предизвик беше и тоа што на бината беше цел филхармониски оркестар. Eaw Anya и Meyer Milo звучниот систем уште еднаш се покажаа како добитна комбинација.

Само неколку дена подоцна е одржан спектакуларниот концерт на Ацо Пејовиќ, а веднаш потоа и журката за паметење која за своите корисници ја организираше Huawei.

На Huawei Black&White забавата настапија познатите имиња од светската диџеј сцена W&W, Paul Van Dyk, Sandy Rivera и Girl Panic, а техничката продукција беше импозантна: содржината е прикажана на 1 562 ЛЕД панели со вкупна површина од 550 м2, а емитувањето во толку големи резолуции е можно само со најсовремени медија сервери. Скајмјузик тимот се определи за Avolites RX8 Infinity.

AFIX  бината и ВИП платформата со вкупна површина од 720 м осветлени со помош на 880 светлосни тела контролирани од 3 светлосни пулта: Avolites Expert, High End HOG4, MA Lighting Grand MA. Еуротрус конструкцијата од 1,2км беше закачена на повеќе од 100 мотори со носивост од 1 тон.