Спектакуларен концерт на Горан Бреговиќ во Арена

Петнаесет илјади луѓе во глас пееја во преполната Штарк Арена на концертот на Горан Бреговиќ. Музичарот, чии песни се своевиден заштитен знак на Балканот, на публиката ѝ приреди концерт за памтење не само со исклучителната свирка, туку и со комплетниот концепт на сценскиот настап. Несекојдневниот мошне комплексен 360° проект кој го реализираше Скајмјузик, овозможи многу поблизок однос со изведувачот во однос на класичната поставка, а дополнителен предизвик беше тоа што на бината беше цел филхармониски оркестар.

Скајмјузик за овој спектакл одбра комбинација на Eaw Anya и Meyer Milo звучен систем, а за атмосферата да биде потполно совршена Горан Бреговиќ заедно со Скајмјузик тимот работеше на дизајнот на светлата. За осветлување се користени повеќе од 300 светлосни тела на познати светски произведувачи – Martin, Coemar, DTS, SGM, а за контрола на осветлувањето изборот падна на Avolites expert, една од најпопуларните конзоли на тој британски произведувач. Целата AFIX бина од 324м2 беше покриена со 940 MR LED црни HI глос панели. Користени се 450 м Еуротрус конструкции и повеќе од 120 мотори со носивост од еден тон.