Скајмјузик: Следниот MAC се шири надвор од границите на регионот

Ниту после една недела од завршувањето на Music Awards Ceremony спектаклот страстите не се смируваат, и цел регион ја прераскажува спектакуларната манифестација.
„Првиот MAC е одржан на 29 јануари, а следниот почна веќе на 30“, вели Миленко Шкариќ, сопственикот на Скајмјузик.
Светско ниво на продукција на настапите на регионалните музички ѕвезди, црвен килим и тоалети како во Холивуд, повеќе од 200 познати личности од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, повеќе од 25 музички признанија, жив ТВ-пренос на пет телевизии со национална фреквенција: голем залак за организација и продукција, големи очекувања, но и голем успех.
„Мило ни е дека се покажа дека со бескомпромисен квалитет не изостанува одличен резултат. Вложивме голем труд и креативност, повеќе од 300 луѓе го сочинуваа MAC тимот. Сите тие го одработија својот дел од работата максимално професионално и резултатот е очигледен“, вели Шкариќ и додава: „Од следниот MAC, логично, и публиката, но и ние самите очекуваме уште повеќе. Подготовките за наредната манифестација веќе наголемо почнаа, а план е следниот MAC да го прошириме и надвор од границите на регионот, односно надвор од границите на земјите кои овој пат учествуваа. Голем е интересот за MAC и во околните земји, кои сакаме да ги вклучиме во следниoт MAC.“
Пораката која MAC ја носи не е само музичка. Слоевитоста на манифестацијата се гледа и во пораките за мир, солидарност, борба против расизмот и насилството, кои водителите на MAC ги пренесуваа за време на целата манифестација. Гласањето за номинираните нумери, исто така, покажа уште еден аспект на MAC: Скајмјузик и Цебеф се откажаа од приходите од СМС гласањето и влезниците, а парите се пренасочени на УНИЦЕФ, водечката светска организација за деца која ќе ги распредели средствата во земјите од регионот.
Но не е крај ниту на СМС гласањето! За да се продолжи со собирањето средства кои ќе бидат пренасочени на УНИЦЕФ, гласачите од земјите од регионот ќе имаат можност да гласаат за најдобрите настапи на MAC. Повеќе информации во следните денови побарате на страницата www.musicawardsceremony.com .