Скајмјузик на манифестацијата „Prolight & Sound“ во Франкфурт

Веќе четврта година по ред тимот на Скајмјузик Solutions учествува во продукцијата и изградбата на штандот на компанијата EUROTRUSS на најголемиот саем на музичка индустрија „Musikmesse“ во Франкфурт.

Европскиот лидер во производството на алуминиумски конструкции за изградба на концертни бини на Скајмјузик им го довери дизајнот, проектирањето и комплетната изградба на изложбениот простор. Саемот е одржан од 2 до 5 април во рамки на престижната манифестација Prolight & Sound, на која светските компании од доменот на рентал бизнисот се натпреваруваат во квалитет и креативност.