Симфонискиот оркестар на РТС и Апокалиптика во Ноќ на музиката

Овогодинешната, четврта по ред Ноќ на музиката ќе се одржи на 30 август на Ушќе, каде на сите белграѓани и посетители на главниот град ќе им овозможи незаборавна вечер со музика на Симфонискиот оркестар и Хорот на РТС, како и глобалниот музички феномен Апокалиптика. Ноќта на музиката годинава се одржува како дел од  Cloud фестивалската платформа, во рамки на која, исто така, на Ушќе, ќе бидат одржани и фестивалите Belgrade Beer Fest и Belgrade Music Week.

Предводени од диригентската палка на Бојан Суѓиќ, Симфонискиот оркестар и Хорот на РТС ќе ја отворат Ноќта на музиката со програмата „Топ класици“ со популарни фрагменти од најпознатите дела на Стеван Христиќ, Џузепе Верди, Жорж Бизе, Александар Бородин, како и композиции на Франц Супе, Артур Маркерс, Петар Илич Чајковски и Карл Орф.

Специјално изненадување на годинешната Ноќ на музиката претставува настапот на финскиот состав Апокалиптика, кој со спојот на хеви метал и класици втемели нов музички правец и зазеде незаменливо место на светската сцена. Нивната актуелна турнеја е посветена на интерпретациите на легендарниот американски состав Металика – програмата под името „Plays Metallica by Four Cellos“ ќе понуди моќни и оригинални интерпретации на современите метал хитови, кои четворицата виртуозни челисти ќе ги изведат во живо со своите гудала, доведувајќи го до вжештување ѕвезденото небо над Ушќе. После богатата дваесетгодишна кариера, милиони продадени плочи ширум светот и концерти одржани во преку 40 земји, Апокалиптика засекогаш се запиша во срцата на љубителите на квалитетниот звук, а белградската публика ќе може да ужива во нивната музика бесплатно и под отворено небо.

Летната манифестација под отворено небо, Ноќ на музиката, која изминатите години собираше преку 45 000 посетители од сите генерации, годинава ќе опфати дури седум часа врвна музичка програма.

Влезот на Ноќ на музиката е слободен, со download на бесплатната мобилна апликација KeepApp, која од август ќе биде достапна на Google Play и App Store-u, а ВИП местата ќе можат да се обезбедат со „All you can drink VIP PASS”.