Sea Star поставува нови фестивалски стандарди

Минатогодишното издание на Sea Star фестивалската скала ја крена исклучително високо, а годинава таа е поткрената уште погоре! Со крилата на 50-метарската широка сценска конструкција грмеше моќниот четирисистемски

LineArrey звучен систем со импозантни 250.000 вати. Спектаклот е надополнет со 3Д ЛЕД видео систем со површина на екрани од преку 250 м2, што е еднакво на продукција на светски познатата Егзитова денс арена! А токму од арената стигнаа повеќе стотици светлосни тела за најспектакуларната концертна и фестивалска сцена во историјата на Истра!

Дизајнот на бината и продукцијата се правени во склад со потребите на еден современ настап на ѕвездата на електронската андерграунд сцена Свен Ват, кој импозантните ЛЕД екрани ги наполни со величествена видео содржина, во синхронизација со звукот и движењата на бината. Технологијата на настапот во комбинација со видеата, светлата, звукот и движењата и понатаму е во развој, па посетителите на Sea Star фестивалот беа меѓу ретките кои имаа можност да присуствуваат и уживаат во најсовремениот аудио-визуелен спектакл.

За единствено фестивалско искуство заслужна е компанијата Скајмјузик, која се истакна со модерниот пристап кон продукцијата на 5 бини: Addiko Tesla Stage, Nautilus Arena, Eletric Waves, Exotic Laguna и Silent Octopus.