Професионално осветлување


Особено се гордееме со нашето Одделение за креирање на исклучителни сценски светлосни ефекти, кои се добро познати, и претставуваат врвен перфоманс како во комерцијални цели на која било продукција така и при директна инсталација во архитектонска смисла. Нашите дизајнери на осветлување континуирано ги унапредуваат своите знаења низ самата технолошка индустрија како и низ искуството кое го стекнуваат со врвните продукции кои ние ги организираме, и за кои сме ангажирани. Решавањето на креативните проблеми на нашите деловни партнери и клиенти е нашето работно мото, и целта кон која тежиме. Нашиот голем лагер и квалитетот на интелигентно осветлување кои ги поседуваме како и јаката врска со нашите производители, ни овозможува конкурентни цени, брза испорака и монтажа. Нашата посветеност задоволните клиенти ја гледаат преку услугите и приказот/сликата на единство на секој проект на кој работиме.