Изнајмување на LED екрани - креативност, перформанс, престиж!


LED технологијата како визуелен медиум во денешно време се употребува во речиси секој евент, без разлика дали се работи за музички, корпоративни, саемски или спортски манифестации. Станува збор за креативен дигитален екран кој пораката ја пренесува на динамичен начин, воедно многу јасно и ефективно доминирајќи со просторот. Можностите за употреба на LED екраните се неограничени - било да се работи за уметност која се емитува, форми кои се креираат или пораки кои се пренесуваат, како во затворени простори така и на отворено. Изнајмувањето на LED екрани е оптимално решение за креирање на визуелен идентитет затоа што лесно се прилагодуваат на кореографиите и сценографиите но и на спефицичните барања и потреби при комуникација со целната публика. Изнајмувањето на LED екрани е воедно и одраз на современост но и креативно решение на модерната комуникација.

Во начата понуда се наоѓаат најразлични видови на LED екрани со резолуција од 3мм па се до 40мм кои со своите конфигурации може да ги задоволат највисоките стандарди и потреби. Покрај тоа во можност сме, во соработка со Вас, да креираме единствени визуални идентитети (форми на LED екрани) – изнајмувањето на LED екрани Ви нуди можност за поставка на најразлични форми во просторот, можност за реализација на намодерниот таканаречен 4к (ултра HD) формат како и многу други опции за формирање на индивидуален сензибилитет. Видео арт и креативната продукција претставуваат пресуден фактор во креирањето на сценските перформанси во кои тимот на Skymusic Solutions дава посебен печат.