Престижниот светски магазин TPi пишува за MAC

Total Production International (TPi), престижниот светски магазин специјализиран за концертни и фестивалски технологии и дизајн, во своето мартовско издание ѝ посвети неколку страници на манифестацијата Music Awards Ceremony.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со пофалби за високото ниво на продукција на најголемиот регионален музички спектакл во организација на Скајмјузик, магазинот особено ги нагласува подвижните елементи и кинетичките мотори кои се користени во рамки на сценографските решенија во Штарк Арената.

Сопственикот на Скајмјузик Миленко Шкариќ во изјавата за TPi нагласува дека за потребите на MAC се користени повеќе од 400 моторки дигалки и 2 км truss за ригинг.

„За да го направивме тоа моравме да направиме еден вид мал „truss-град“ над се“, вели Шкариќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

TPi магазинот во својот текст истакнува дека MAC спектаклот ги постави последните трендови во концертната техничка продукција, сценографија, аудио и видео технологија и иновативниот концепт на осветлување.

„Тоа беше голем предизвик и без сомнеж најголемото шоу кое сме го работеле кога било. Горди сме на она што го постигнавме и целиот тим со нетрпение го очекува MAC 2020“, заклучува Шкариќ.