Почна втората фаза од гласањето за MAC

Почна втората фаза од гласањето за MAC! Од преку 200 номинации останаа помалку од 80, и распоредени се во 13 категории. Секој гласач има право на нови 20 бесплатни онлајн гласови на страницата MAC https://musicawardsceremony.com/page–kategorije-nominacija, а воведено е и СМС гласање.

Скајмјузик се откажува од својот дел од приходите од СМС гласањето во хуманитарни цели.

Во првата фаза од гласањето пристигнаа преку половина милион гласови од сите краеви од светот, а најмногу гласови имаше категориите „колаборација“.

Во втората фаза од гласањето за MAC, секој гласач може да испрати неограничен број СМС пораки, а за време на гласањето неопходно е да се напише MAC, потоа да се остави простор, а потоа да се напише редниот број на номинацијата за која се гласа. Повеќе за правилата за СМС гласањето дознајте овде https://musicawardsceremony.com/article–pravila-sms-glasanja.
Со бесплатните онлајн, како и СМС гласови ги зголемувате шансите на своите омилени изведувачи да освојат MAC признанија, кои ќе се доделуваат на 29 јануари во Штарк арената на манифестацијата Music Awards Ceremony.

Освен доделувањето на признанијата на четиричасовната церемонија, на неколку поврзани бини, ќе настапат најголемите музички ѕвезди како Бајага, Марија Шерифовиќ, Јелена Розга, Жељко Јоксимовиќ, Стјепан Хаусер, Тони Цетински и многу други.

MAC ќе биде музичко-сценски настап каков што регионот се уште не видел, и на сцената ќе биде возможно се. Заради тоа подготовките траат речиси десет пати подолго отколку за стандардните концерти и манифестации кои се одржуваат во оваа сала, а екипата на Скајмјузик веќе е во Штарк арената и работи на подготовка на манифестацијата.
Употребата на најновите аудио и видео технологии и најсовремените трендови на концертната и техничка продукција, сето она по што Скајмјузик ја зазема лидерската позиција во регионот, на церемонијата на доделување на музичките признанија ќе биде подигната на највисоко ниво.

Влезниците за MAC се достапни на страницата www.tickets.rs.