Петок на ЕГЗИТ: The Chainsmokers, Партибрејкерс, Paul Kalkbrenner

Во текот на тринаесетте часа програма на 40 бини на Петроварадинската тврдина, во рамките на втората вечер на Егзит фестивалот, секој можеше да најде катче за себе: од летните лесни мелодии на Chainsmokers, до најпопуларните диџеи на денешницата Paul Kalkbrenner и Boris Brejcha. Легендарните Партибрејкерси ја загреаја атмосферата на Main Stage-от, за настапот на drum and bass хитмејкерите Chase&Status. Нивниот настап, како и посебното видео пред почетокот, беа посветени на починатиот пејач на групата

The Prodigy, Кит Флинт. Ѕвездите на вечерта The Chainsmokers, пред повеќе десетици илјади фанови ги изведоа планетарните хитови „Closer“, „Paris“, „Something Just Like This“ .

Словенечката група Елвис Џексон на Fusion бината одбележа 20 години од основањето, додека новосаѓаните Атеист Рап во полн состав одбележаа 30 години постоење.