Осум и пол децении Руски дом во Белград

Центарот за наука и култура Руски дом одбележа 85 години дејност. На свечената прослава во Сава центарот настапуваа ансамблот „Александров“ и хорот „Пјатнички“. На Скајмјузик ѝ припадна честа на овој настан да соработува со големите уметници на руската школа, според чија замисла и е реализиран овој проект. Креирана е комбинација на модерен и традиционален пристап на сценографијата, а тимот на Скајмјузик во рекордно кусо време ја спроведе на дело масивната сценографија која доминираше со сцената во Сава центар, заедно со огромниот лед екран составен од 616 панели
MR ЛЕД екрани со резолуција 5632×1792 пиксели. Користена е најновата генерација VDWALL процесори во комбинација со Avolites AI rx8 Media сервер, што овозможуваат успешно и непречено да се креираат најголемите проекции од овој тип.