Одлични настапи го одбележаа првиот викенд на Music Week фестивалот

Спектакуларните концерти на Аца Лукас, Магла бенд, Жељко Јоксимовиќ и Милица Павловиќ го одбележаа првиот викенд на Music Week фестивалот на Копаоник во салата на хотелот „Гранд“.

Четвртиот по ред Music Week се одржува во организација на Скајмјзук и  MK Mountain Resort, кои на посетителите им приредуваат најдобар музички фестивал на најатрактивната локација во текот на зимската сезона.

Публиката желно ги дочека хитовите и со изведувачите ги пееше во еден глас познатите нумери.

Снегот на Копаоник не престанува да паѓа, па забавата е загарантирана и во наредните денови. Во ист ритам и расположение најголемата регионална журка ќе биде продолжена и следниот викенд на Копаоник. Вториот викенд на Music Week фестивалот е резервиран за Парни ваљак и Тропико бенд (на 15 март), додека на 16 март ќе настапат Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ.