No Sleep: нов фестивал во организација на ЕГЗИТ

Уште во првата година од одржувањето No Sleep фестивалот ги надмина сите очекувања! Новиот фестивалски формат во организација на ЕГЗИТ тимот е одржан на 12 локации ширум Белград, со настапи на преку 100 изведувачи, меѓу кои се Fatboy Slim, Nina Kraviz, Cassius, Lee Burridge, DJ Tennis, Marcel Fengler, Dax J, I Hate Models, Aleksi Perälä, Francois X, Molly, Olof Dreijer, Randomer, Black Merlin, Agnes Aves, Philip Berg и многу други.

Скајмјузик е неизоставен дел од секој ЕГЗИТ проект, па така своите иновативни решенија ги примени и на овој фестивал, демонстрирајќи ја уште еднаш својата лидерска позиција во областа на техничката продукција.

На No Sleep фестивалот користена е добро познатата кралица на звукот на 21 век, EAW Anya, првиот адаптибилен звучен систем кој самостојно го скенира просторот и потоа ја распоредува силата и фреквенцијата без несакани компромиси. Покрај аудио системот користени се и неверојатните EAW SB2001 суб-вуфери, што со своите 21” драјвери обезбедија незаборавна забава на подиумот.

Металниот був, препознатливиот No Sleep симбол, беше заштитен знак на сценографијата во големиот Хангар, а специјално за оваа прилија нејзините крилја ги „оживеаја“ 320 ЛЕД панели. ЛЕД tube, неизбежните детали на секоја модерна сценографија, ги следеа линиите на бината, а користени се и RGB ласери од најновата генерација, со леќи кои излегуваат од очите на бувот.

На фестивалот е користено SGM и DTS осветлување, а за контрола Avolites Arena, што е првиот избор на Стивен Абис, познатиот дизајнер на светло на Фет Бој Слим. За совршен мониторинг на диџеите е озбезбеден L’Acoustic Kara Modular line source sistem со L’Acoustic SB28 суб-вуфери, кои се составен дел од Скајмјузик понудата, со повеќе од 10 комплети од Pioneer Nexus серијата.
Во комбинација на Eurotruss и Afix конструкцијата SKY is the limit! Скајмјузик тимот ја реализира секоја идеја и посебно барање на клиентот.