Најголемите регионални ѕвезди на летното издание на Music Week фестивалот на Ушќе

После Belgrade Beer Fest, кој ќе собере 120 изведувачи, облакот добра забава – Cloud платформата носи уште добри вести, овој пат за љубителите на популарната музика: повеќе од 15 најголеми домашни и регионални музички ѕвезди ќе настапат на летниот Music Week фестивал, од 23 до 25 август на Ушќе.

Белградското издание на фестивалот кој веќе неколку години се одржува на Копаоник, ќе ги собере најпопуларните изведувачи, а влезот ќе биде бесплатен со мобилната апликација, која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.

Петок, 23 август е резервиран за настапите на Драгана Мирковиќ, Јелена Розга, Тони Цетински, Саша Ковачевиќ и Џенан Лончаревиќ.

Ден подоцна, во сабота на 24 август настапуваат Хари Мата Хари, Нина Бадриќ, Лепа Брена, Аца Лукас и Дарко Лазиќ.

Последниот ден на Music Week, во недела на 25 август, за атмосферата ќе бидат задолжени Маја Беровиќ, Сенидах, Буба Корели и Џала Брат, Цоби, Анџелина, Сара Јо и Катарина Грујиќ.

Освен Music Week и Beer Fest, Cloud платформата ја опфаќа и Ноќ на музиката, а на сите три фестивали на посетителите ќе им биде овозможен и пристап во ВИП зоните, кои годинава ќе бидат проширени и ќе овозможат подобро уживање во концертите. Влезниците за ВИП зоните наскоро ќе бидат пуштени во продажба, а голема новина е тоа што консумацијата со ВИП влезница ќе биде неограничена во текот на целата вечер („All you can drink“).

Cloud платформата е создадена во соработка меѓу Скајмјузик и Белградската културна мрежа, а се реализира со поддршка на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, Град Белград, Цебеф и бројни партнери. За време на трите недели траење на Cloud, на Ушќе се очекуваат повеќе од милион посетители, како и рекорден број туристи.

Најновите вести за Cloud можете да ги следите преку страницата и Фејсбук и Инстаграм-профилот