Music Week фестивал: најпопуларните изведувачи од регионот едвај чекаат да настапат на Ушќе

После четири години на Копаоник, Music Week фестивалот оваа година ќе го има и своето прво белградско издание. Повеќе од 15 најголеми домашни и регионални музички ѕвезди ќе настапат од 23 до 25 август на Ушќе, а влезот ќе биде бесплатен. Music Week ќе ги обедини популарните музички правци и во текот на три дена ќе им овозможи врвно уживање на љубителите на поп, треп и народната музика.

Неколку големи регионални поп ѕвезди токму на Music Week ќе настапат во Белград прв пат после подолго време.

Саша Ковачевиќ ќе ја изненади белградската публика со својот настап на 23 август. Зад Саша се бројни години големи успеси и признанија, а за овој фестивал на музиката, покрај мноштвото хитови се подготвува уште еден – навестува дека моментално го подготвува новиот сингл!

Освен Саша Ковачевиќ, во рамките на првиот ден на Music Week ќе настапат и Драгана Мирковиќ, Тони Цетински, Јелена Розга и Џенан Лончаревиќ, додека следната вечер на 24 август е резервирана за настапите на Лепа Брена, Аца Лукас, Нина Бадриќ, Хари Мата Хари и Дарко Лазиќ.

„Се радувам заради повторниот настап во Белград, долго ме немаше, а особено не на вака интересен фестивал и прекрасен простор“, вели Нина Бадриќ, една од најомилените поп пејачки во регионот, чија успешна кариера трае веќе 20 години. Авторката на повеќето свои песни Нина Бадриќ досега има објавено 7 солистички албуми, многубројни живи албуми, синглови, дуети со еминентни музичари од регионот, но и светот, како Монтел Џордан.

Во рамки на последната вечер на белградскиот Music Week ќе настапат најголемите домашни и регионални треп и поп ѕвезди: Буба Корели и Џала Брат, Маја Беровиќ, Цоби, Сенидах, Сара Јо, Катарина Грујиќ и Анџелина.

Повеќе за Music Week на Фејсбук и Инстаграм профилите на фестивалот.