Марија Шерифовиќ: 5 концерти едно по друго во Сава центар

Досега одржа три концерти во март, четвртиот кој е закажан за крајот на месецот е распродаден, а заради огромниот интерес најавен е и петти за средината на април!

Марија Шерифовиќ истакна дека салата Сава центар во која одржува низата концерти под името „Другата страна на плочата“ ѝ е омилена во Белград, заради специфичната атмосфера и блискоста со публиката.

За техничката продукција на концертите задолжен е тимот на Скајмјузик, кој се определи за Meyer Milo sound sistem, додека за осветлувањето се користат SGM и DTS светлосни тела.