MAC: Гламурозен музички спектакл кој го обедини регионот

Пред MAC и после MAC: Дали отсега така ќе се мери времето на музичката сцена во регионот? Music Awards Ceremony (MAC), единствен регионален проект чија спектакуларна организација и продукција ја потпишува Скајмјузик, успеа во текот на една вечер во Белград да ги соедини музичките сцени на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. И повеќе од тоа – MAC успеа да ги соедини различните навидум непомирливи музички правци, и на иста бина во текот на само една вечер да ги донесе најголемите ѕвезди на рок, поп, хип-хоп, фолк, етно, па дури и класичната музика.
Водителите на овој грандиозен проект – Аида Јокановиќ, Ида Престер, Ѕвонимир Ѓукиќ – Ѓуле, беа пријатно изненадување за сите. Она што значително ја обележа манифестацијата се токму пораките кои тие ги изнесуваа во текот на целата вечер, а тоа се пораките на хуманоста, мирот, како и острите критики на сметка на одделни негативни ефекти на современото општество, пораки против расната и верска нетрпеливост и сите видови насилство.
Бајага, Масимо Савиќ, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ, Вива Вокс, Лолобриџида, Плави оркестар, Раста, Аца Лукас, Петар Грашо, Ван Гог, Стјепан Хаусер, Марија Шерифовиќ, Наташа Беквалац, Тони Цетински, Лету штуке, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева и Јелена Карлеуша на MAC изведоа настапи кои уште долго ќе се паметат и прераскажуваат.
Сценски ефекти на најпрестижно светско ниво, осветлување, ласери, видео продукција, костими, кореографии – настапи кои гордо можат да застанат рамо до рамо со настапите со најголемите светски ѕвезди: сето тоа во живо го доживеаја 15 000 посетители во Штарк арената, но и повеќе од 5 милиони ТВ-гледачи, со оглед на тоа дека манифестацијата во живо ја пренесуваа најголемите телевизии со национална фреквенција од регионот.
Music Awards Ceremony беше првата манифестација која кога било на овие простори го обедини музичкиот настан на сцената и телевизискиот пренос во живо, што е единствен потфат на организаторите и медиумските партнери Прва Тв во Србија и Црна Гора, РТРС и ФТВ во Босна и Херцеговина и РТЛ ТВ во Хрватска. За потребите на живиот ТВ-пренос се користени 50 камери и три ХД репортажни возила.
Повеќе од 200 познати личности од сите земји од регионот прошетаа по MAC килимот во своите гламурозни изданија, а во текот на манифестацијата се доделени преку 25 музички признанија на најдобрите изведувачи од регионот.
Листата на добитници на признанија можете да ја погледнете на интернет страницата на MAC https://musicawardsceremony.com/index.php.
Скајмјузик и Цебеф се откажаа од приходите од СМС гласањето и влезниците, а парите се пренасочени на УНИЦЕФ, водечка светска организација за деца, која ќе ги распореди средствата во земјите од регионот.