Lovefest Fire во знакот на врвната продукција и одличниот техно звук

Исклучително комплексната и досега невидена продукција ги воодушеви посетителите на овогодинешниот Lovefest Fire, на кој настапи италијанскиот диџеј Ilario Alicante.

Списокот на опрема беше импресивен: 5x Pioneer CDJ 2000 NXS2, 2x Technics SL 1210, Pioneer RMX 1000, Allen & Heath Xone 92, Allen & Heath Xone 96. Затоа и не зачудува фактот што публиката во белградски Хангар беше на нозе до раните утрински часови, а за атмосферата освен Иларио беа задолжени и Dana Ruh и диџеј Mene.

Техничката продукција на настанот ја потпишува Скајмјузик, нудејќи разновидна диџеј опрема, така за секој музичар да може да се направи посебен setup. Кога станува збор за озвучувањето, тимот на Скајмузик се определи за Meyer Milo. Вистински спектакл на електронска музика не може да се замисли без врвно осветлување и светлосни ефекти за што се користени 130 парчиња светлосни тела и 20 Blue Laser барови, со 120 панели MrLed P7,6 лед екрани.