Легендарниот Uriah Heep во Белград

Познатиот британски хард рок бенд Uriah Heep на 5 февруари одржа концерт во Сава центар, во рамки на европската турнеја по повод новиот албум “Living The Dream”.

Основана во 1970 година во Лондон оваа моќна рокенрол машина без престан го обиколува светот, и во текот на годината настапува и до 125 пати, пред околу 500 000 посетители. Uriah Heep во текот на половина век имаат продадено повеќе од 40 милиони албуми ширум светот.

За техничката продукција на нивниот белградски концерт беше задолжен тимот на Скајмјузик. На настапот е користен Meyer Milo звучен систем, а за осветлување SGM и DTS светлосни тела.