Концерт на Стинг во Скопје

Во рамки на турнејата „My Songs“, познатиот Стинг настапи во Скопје на стадионот „Тоше Проески“. Пред повеќе од 15 000 љубители на рок музиката, Стинг го изведе и голем дел од својот стар репертоар, што предизвика воодушевување кај публиката.

Концертите на стадионите секогаш се предизвик за инженерите на звук, но тимот на Скајмјузик и овој пат успешно одговори. За да се постигне перфектен звук монтирани се 32 звучни кутии EAW Anya, 32 бас звучни кутии Meyer HP700 и дури 62 звучни кутии Mayer Milo како страничен звук, delay и frontfill. Покрај бината од 20×15 м, монтирани се и дополнителни 8 кули за звук и придружни рефлектори.

За потребите на настанот користени се 100 светлосни дела, како и странични
IMAG лед екрани за режија на преносот на концертот.