За нас

Skymusic нуди комплетна услуга за проектирање и инсталација на современи аудио-системи во угостителски и јавни објекти за различна намена.  Во соработка со водечките брендови од индустријата, во можност сме да испорачаме широк спектар производи кои одговараат за секој ресторан, бар, ноќен клуб, стан, куќа, трговски центар или и за сали за организирање настани ─ без разлика на нивната големина и буџет.

Нудиме комплетна услуга за управување со проектот, почнувајќи од состаноци со клиенти ─ за да ги утврдиме нивните специфични потреби, и потоа да проектираме и инсталираме комплетно технолошко решение. Исто така, нудиме обука за секој чекор од проектот за на клиентите да им обезбедиме лесно користење на своите аудио-визуелни системи. Нашите блиски односи со клиентите, професионално обучената екипа и партнерството со најдобрите добавувачи во индустријата ја прават Skymusic најдобар партнер за аудио-визулено проектирање и инсталација во регионот.

После иницијално бесплатната обиколка на локацијата од страна на еден од нашите високи раководители на проектот, ги утврдуваме вашите барања, и ви нудиме повеќе решенија по мерка, а на основа на вашиот буџет.

Доколку ви е потребна инспирација, ние исто така нудиме услуги на советување кои се резултат на наешето долгогодишно искуство во проектирање на објекти за различни намени низ целиот регион, а добредојдени сте и да посетите  некој од нашите претходни проекти. Наша цел е комбинирање на 22-годишното искуство на нашите вработени во професионалната видео индустрија, и креирање на единствен концепт на продажба кој ќе задоволи различни потреби на пазарот.

Планирање / Монтажа / Подесуввање

Кога ќе се договориме околу проектот, на клиентот му се доделува еден човек од нашиот тим кој/а ќе ја води работата. Тој ќе биде единствен контакт за сите работи, испорачувања и помош. Таму каде што е потребно, ќе направиме и  временски план на обврски за да се ускладат со останатите работи на градилиштето, на пример (молери, електричари…).

По завршување на самата монтажа на опремата, еден од нашите инженери на звук ќе го подеси аудио системот со помош на акустични мерења и подесувања на специјализираната опрема, за инсталираниот систем да го даде максимумот на своите можности во дадениот објект, бидејќи секој објект е различен, па така и нашиот третман.

Посебно внимание се дава на природата на местото каде ја извршуваме работата; на пример, да се овозможи нормална конверзација во кафе-баровите додека свири музиката, или да се избегне она непријатно зуење во ушите после ноќното забавување во дискотека.

Доколку нѐ избравте нас за инсталирање  на светлосните ефекти, или за комплетно осветлување во вашиот објект, ќе програмираме осветлување и ќе ви овозможиме адекватна контрола на осветлувањето за сите врсти на настани кои би можеле да ги организирате во вашиот простор; од едноставна промена на боја во вашиот бар до комплексни DMX контролори со Touch Screen, и со голем избор на движења на бои ─ кои се подразбираат во модерната клубска продукција.

Сервис / Одржувањ

Сета опрема темелно се тестира пред и после инсталацијата, и се воведува систем на гаранција. Обуката на корисниците се одвива на објектот, и тоа од лица кои се задолжени за управување со техника. Нашата услуга не завршува со завршувањето на монтажата; нудиме договори за тековно основно одржување, сервисно одржување на техниката во објектите кои ние сме ги опремиле, и во секој друг објект каде е потребна нашата стручна помош. Излегувањето на терен веднаш по повик, замена на уредите „старо за ново“ и решавање на секој проблем на кој ќе наидете, ги прави Skymusic прв избор за вашиот проект.

За да го задржите вашиот фокус на работењето, ние можеме да ви помогнеме со финансирањето. Задоволство ни е да ви ги понудиме нашите услуги во изнајмувањето или опциите за финансиски лизинг, и тоа на период од две до пет години. За целото време дури трае финасирањето опремата си работи за вас, отплатува рати, а по истекот на финансирањето, опремата си останува во ваша сопственост. Алтернативно, може да ви овозможиме план за долгорочно изнајмување, додека не одлучите како на најдобар начин да го развиете вашиот бизнис.

Доколку имате проект или ви треба каква било помош или совет, ве молиме слободно да нѐ контактирате

Милан Цветиновиќ
Директор на секторот за инсталации
063 103 2000
milan.cvetinovic@skymusic.rs