Дочек на 2019 во продукција на Скајмјузик

Најлудата ноќ и оваа година беше одбележана со многубројни концерти и настапи на големи музички ѕвезди. Пред Народното собрание во Белград, за самиот дочек на Новата година настапија Бајага и инструктори, Харис Џиновиќ, Дејан Петровиќ Биг бенд и Саша Ковачевиќ.

Прославата во престолнината траеше три дена, па така на денот во очи на Новата година пред Народното собрание настапија победниците на дигитал активацијата „Свирамо кавер“, САРС, Рудиментал и Стерео МС, а на 1 јануари Александар Седлар и Белградската симфонија со гостите, Сенида, Раста, Грамофонџије и Дисциплес.

За љубителите на забавите на затворено, најголемата забава беше одржана во Штарк Арената каде настапија Аца Лукас, Буба Корели и Јала Брат пред повеќе од 20 000 луѓе.

Традиционалниот, дваесетти по ред, дочек на Новата година во Будва го одбележаа настапите на Аеродром и Дино Мерлин. Самата манифестација траеше пет дена, а публиката имаше можност под ѕидините на Стариот град да ужива во многу изведувачи, меѓу останатите и Ван Гог, Партибрејкерси, Џек Лупино и Лефтовер.

Продукцијата Скајмјузик може да се пофали дека и овој пат беше задолжена за техничката продукција на трите најголеми журки за дочекот на Новата 2019 година.