За нас

Горди сме на фактот дека ARD е првиот регионален дистрибутер на професионална музичка опрема на просторите на Југоисточна Европа.

Сѐ започна на 1 април 2009. кога Korg како светски лидер во производство на музички инструменти на компанијата ARD и ја додели дистрибуцијата на своите производи во седум земји: Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија.

Топ менаџментот на ARD го сочинуваат професионалци со преку 20 годишно искуство во про-аудио и музичката индустрија, што ни олеснува подобро да ги разбереме потребите на нашите колеги и да ги следиме најновите трендови.

Тоа доведе до една таква ситуација, па во своето портфолио на регионален дистрибутер вклучивме уште неколку најпознати светски брендови.

И додека ги славиме бројните успеси на нашите колеги музичари, се трудиме да сме поддршката во нивните идни достигнувања. Нашата мисија е да бидеме активно вклучени, и да направиме значајна разлика во музичката индустрија во регионот. Со централизираната дистрибуција на професионалната аудио опрема во Југоисточна Европа, сакаме да внесеме позитивни промени во локалната музичка индустрија, и одлучни сме да ги употребиме сите средства за остварување на таа цел.

Adriatic Region Distribution е визија и идеја. Се надеваме дека ќе ја препознаете, и ќе ја споделите со нас.

Добредојдовте!