Диско опера во Сава центар

Дваесетина антологиски музички хитови на изведувачи како што се АББА, Мајкл Џексон, Стиви Вондер, изведени се пред публиката во Сава центар во потполно ново руво – во вид на диско опера, под диригентска палка на маестро Федор Вртачник.

Несекојдневниот музички спектакл е создаден во соработка со Новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар, со поддршка на вокалниот состав „Disco sisters“. Како вокални солисти настапија Бојана Стојменов, Сашка Јанкс, Зоран Шандоров и специјалните гости. За техничката поддршка на концертот беше задолжен Скајмјузик, чиј тим се определи за Мејер Мило звучниот систем, додека за осветлувањето се користени SGM и DTS светлосни тела.