THE CURE го отворија 19 Егзит фестивал

Многумина го чекаа со години, некои дури и со децении во Србија. Спектакуларниот настап на британскиот бенд The Cure предизвика лавина од емоции кај неколкуте десетици илјади посетители, и го означи почетокот на вечерта полна со позитивна енергија на отворањето на 19 Егзит фестивал. Концертот на легендарниот бенд траеше два и пол часа, а се редеа хитовите Pictures of You, High, Never Enough, In Between Days, Boys Don’t Cry…

После фестивалското искуство за памтење, кое на фановите на поп рок звукот им ги приреди Роберт Смит, со бината завладеа електронскиот звук – од најголемиот хит мејкер на денешницата Lost Frequencies, со составот Filatov & Karas и Two Pauz.

На 40 бини и зони ширум Петроварадинската тврдина, настапија ѕвезди како што се Maceo Plex, Charlotte de Witte, ска легендите The Selecter и бројни други, а најсилната вечер во историјата на фестивалот во голем стил на Денс арената ја затвори најпопуларниот диџеј на сите времиња Carl Cox.