CLOUD фестивалска треска: облак добра забава над Белград

Бесплатен влез на три музички фестивали во август на Ушќе: Belgrade Beer Fest, Belgrade Music Week и Ноќ на музиката

Прогнозата за август уште сега е позната: облакот добра забава ќе се надвие над Белград и ќе трае цели три недели! Cloud Festivals платформата обединува три големи музички фестивали, кои, еден по друг, ќе бидат одржани на Ушќе од 14 до 30 август. Влезот на сите фестивали во рамки на Cloud ќе биде бесплатен.

Cloud платформата на жителите и гостите на Белград ќе им овозможи потполно ново фестивалско искуство, обединувајќи различни музички правци и поставувајќи нови стандарди на техничка продукција.

Belgrade Beer Fest, најпосетената летна манифестација во регионот ќе згрми прв – од 14 август, и во текот на петте фестивалски дена на четири бини ќе настапат 120 изведувачи.

Звуците на популарната музика ќе се разлеат по Ушќе на Belgrade Music Week фестивалот од 23 до 25 август. Летното издание на фестивалот, кој веќе неколку години се одржува на Копаоник, ќе собере 20 најголеми регионални ѕвезди.

Последниот ден на Cloud, 30 август е резервиран за традиционалниот концерт на класична музика под отворено небо, Ноќ на музика, кој после три фантастични години на Ташмајдан станува целовечерен спектакл со светски познати гости.

Cloud платформата е создадена во соработка меѓу Скајмјузик и Белградската културна мрежа, а Белград ова лето уште еднаш ќе го потврди статусот на најинтересна city – break дестинација во Европа. За време на трите недели на

Cloud, на Ушќе се очекуваат повеќе од милион посетители, како и рекорден број туристи.

Cloud платформата се реализира со поддршка на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, Град Белград и бројни партнери.

Најновите вести за Cloud можете да ги следите преку страницата и Фејсбук и Инстаграм-профилот