Ацо Пејовиќ во Арена

Пред повеќе од 20 000 фанови во Штарк арената, на место каде што прв пат настапи пред пет години, Ацо Пејовиќ одржа спектакуларен концерт, Изведувајќи ги своите бројни хитови уште еднаш покажа зошто веќе долго е меѓу најпопуларните фолк пејачи на денешницата.
За совршениот звук во секое ќоше на преполната Арена беа задолжени Eaw Anya и Meyer Milo аудио системите од арсеналот на Скајмјузик. Пејовиќ и гостите на концертот, Едита Арадиновиќ, трубачите на Дејан Петрови. Александра Пријовиќ и Саша Матиќ се менуваа на AFIX бината со големина од 250м2.
Спектаклот беше заокружен со најсовремен светлосен дизајн со употреба на повеќе од 350 светлосни тела, за сценографијата се користени повеќе од 200м2 ЛЕД екрани, а сето носено од Eurotruss конструкцијата од преку 500 м. Дизајнерите од Скајмјузик тимот за контрола на осветлувањето користеа MA lighting Grand MA2 mixer, кој се наоѓа на речиси секоја рајдер листа на светските изведувачи.