3 ден ЕГЗИТ: Greta Van Fleet, Solomun

Традиционално најпосетениот ден на Егзит, сабота, овој пат го достигна сопствениот рекорд – 53 000 посетители уживаа на Петроварадинската тврдина во третата фестивалска вечер.

На главната бина завладеа рокенролот: после Буч Кесиди, Ван Гог и Том Вокер, ѕвездите на вечерта Greta Van Fleet ја доведоа атмосферата до вриење. Со беспрекорната свирка младите музичари од бендот за кој многу се зборува на светската сцена, го оправдаа својот надимак „спасители на рокенролот“.

Денс арената гореше со мега ѕвездата DJ Solomun, кој приреди шестчасовна рапсодија за љубителите на хаус звукот.

На Фјужн бината, публиката на нозе ја дигна Bassivity Showcase екипата, со водечките регионални ѕвезди Фокс, Суриал, Сенидах и Сара Јо, а деликатес за фановите на world music беше познатиот состав Кал.