Затворен е третиот по ред Music Week фестивал

Во преполната сала на хотелот “Grand”, Јелена Карлеуша во петокот го отвори вториот викенд на Music Week фестивалот и со својот енергичен настап покажа зошто е една од најпопуларните пеачки на овие простори. Во саботата навечер со спектакуларниот настап на Министерки и Ацо Пејовиќ затворен е третиот по ред Music Week фестивал кој оваа година ги собори сите рекорди по посетеност.

Music Week фестивалот се организира со врвна продукција на Скајмјузик во соработка со MK Mountain Resort кои заедно ги собираат најголемите ѕвезди од овие простори, а преполните скијалишта и незаборавните концерти и оваа година го обележија март на Копаоник.