Продавница

Ова е најголемата  музичка стоковна куќа на Балканот која е фокусирана на продажба на музички инструменти, професионална аудио опрема како за почетници и оние на училишна возраст така и за професионални музичари. Широкиот спектар на музички инструменти и опрема им даваат шанса на музичарите да ги споредат инструментите, и да ги тестираат музичките вештини и знаења.

Инсталации

Одделението за проектирање и инсталација на професионална аудио, видео и светлечка опрема изврши повеќе од  500 инсталации во целата држава, и во водечките објекти за организација на настани, концертни сали, јавни институции, ресторани, ноќни клубови и кафулиња.  Во соработка со водечките брендови во Индустријата, во можност сме да ви испорачаме широк спектар на производи кои би биле усогласени  за секој буџет поединечно.

Дистрибуција

ARD е прв регионален дистрибутер на музички инструменти и професионална аудио и светлечка опрема.  ARD покрива седум југоисточни европски земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Албанија. Со централизираната дистрибуција се остварија значајни придвижувања во различни аспекти ─ во вид на маркетиншка поддршка, на сервис, и на простор за складирање и логистика.

Продукција

Skymusic Production се занимава со проектирање, изнајмување, и техничка продукција на сите видови забавни манифестации, музички концерти, културни и корпоративни настани.  Скоро сите сегменти од нашите активности се поврзани со високите технологии кои ова одделение ги нуди.

Маркетинг

Sky Communications  е агенција за маркетинг, односи со јавност (PR) и менаџирање со настани. Ви нудиме еден нов пристап кон маркетингот, брза и квалитетна реализација на работата, иновативни идеи и максимална поддршка.  Нашата предност се состои во тоа што за секој настан кој го осмислуваме имаме потполна техничка и организациска поддршка од Skymusic корпорацијата.